Лавров до Блинкен: Русија ќе ги постигне сите цели на „специјалната воена операција“ во Украина

Москва, 29 јули 2022 (МИА) – Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска му порача на американскиот државен секретар Антони Блинкен дека Вашингтон не го исполнува ветувањето дека испораките на храна од Русија ќе бидат ослободени од санкции.

Руското Министерство за надворешни работи наведува и дека во денешниот телефонски разговор Лавров му рекол на Блинкен дека Русија ќе ги постигне сите цели од својата „специјална воена операција“ во Украина и дека испораката на оружје од Запад само ќе го продолжи конфликтот.

Прочитајте и:  Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
- Реклама -