Поради снежна лавина кај манастирот Бигорски патниот правец Маврово- Дебар целосно е во прекин од 6 часот, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.
Оттаму информираат дека има престанок на важноста на забраната за тешки моторни возила(ТМВ) на Ѓавато, нормализиран е сообраќајот од 7часот. Престанок на важноста на забраната зa TMВ на Пресека, нормализиран е сообраќајот од 9ч.Во 9.25 часот престанува забраната за движење на ТМВ на патниот правец Ресен-Охрид преку превојот Буково.
Забрани за сообраќај на тешки товарни возила има на патните правци Струга – г.п. Ќафасан, Струга – Дебар, крак Маврово – Дебар, крак Стража – село Колари – Кичево. На патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси, соопштија од АМСМ.