Сигурно ви се случило да се исплаште ако лаптопот ви падне од масата или каучот? Замислете да го испуштите од 300 метри висина!
Корисник на Reddit тврди дека го испуштил својот лаптоп од 300 метри височина, од мал авион.
MacBook Air е искривен и вентилаторот му е скршен, но работи.
Инцидентот се случил во Јужна Африка. Од авионот испаднала целата чанта со лаптопот и лични документи. Таа била пронајдена од страна на еден земјоделец.
Сличен инцидент се случи пред две години, кога една жена од Алабама го испушти својот телефон од мал авион кој леташе на висина од 430 метри. Анџела Далтон се обидувала да направи слика кога го испуштила својот „Ајфон“. Тој паднал во дворот на маж во Алабама. И покрај инцидентот телефонот работел.