Лапид: Владата на Нетанјаху е егзистенцијална закана за Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата влада „станаа егзистенцијална закана за Израел“, изјави денеска лидерот на опозицијата Јаир Лапид, обвинувајќи ги за уништувањето на политиката на одвраќање на Израел.

Зборувајќи со новинарите пред состанокот на фракција на неговата партија „Јеш Атид“ во Кнесетот, Лапид истакна дека и пријателите и непријателите на Израел „ја чувствуваат слабоста“ на актуелната влада.

-Бев во Вашингтон минатата недела, на средба со целата администрација. Тие се шокирани од оваа влада: недостатокот на одговорност, недостатокот на професионализам, лошото управување, наведе тој, пренесе „Тајмс оф Израел“.

Лапид наведува дека додека САД ја потврдија својата посветеност на безбедноста на Израел, Нетанјаху тоа не го стори.

Прочитајте и:  МКС издаде налог за апсење на Нетанјаху, Галант и лидерот на Хамас

-Сè што остана од ’господин Безбедност“ се урнатините од Бери до Кирјат Шмона, насилството на еврејските терористи кои излегоа надвор од контрола и целосното губење на израелското одвраќање, додаде Лапид.

- Реклама -