Ландсбергис: Ако Русија постави воени цели во Белорусија, Украина има право да ги нападне

Литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис смета дека доколку Русија постави валидни воени цели во Белорусија, Украина има право да ги нападне.

Ландсбергис ова го изјави пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Прага, одговарајќи на прашања на новинарите на белоруското радио Слобода. Тој нагласи дека Украина „мора да биде способна да се брани“, пренесе Украинска Правда.

„Ако Русија, плашејќи се дека целите во Русија би можеле да бидат погодени, ги пресели (целите) на друго место, сметам дека во согласност со тоа треба да се промени и изборот на метата, додаде шефот на литванската дипломатија.

Украина неодамна ги потврди тврдењата на медиумите дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден тајно одобрила украински напади на руска територија со оружје доставено од САД, но само во близина на регионот Харков.

Прочитајте и:  Украина: Новата хиперсонична руска ракета развила брзина поголема од 11 маха (речиси 3.8 километри во секунда)

Германската влада соопшти дека ја овластува Украина да употреби германско оружје за напади врз руски воени објекти на територијата на Русија во контекст на руската офанзива на регионот Харков.

Според Европската комисија, Украина има право да се брани од вооружена агресија според меѓународното право, вклучително и напади врз воени цели на руска територија.

- Реклама -