Land Rover веќе го тестира новиот Defender

Следната генерација на легендата Defender може да дебитира порано од 2019 година, за кога беше предвидена официјалната премиера. Британците веќе спроведуваат реални патни испитувања на теренецот и според шефот на Jaguar Land Rover, Ралф Спиј, тој ќе биде подготвен година дена порано.

land rover

Новиот Defender ќе биде изграден на истата алуминиумска платформа како штотуку лансираниот Discovery, потоа Range Rover и Range Rover Sport. Спиј ги потврди гласините дека култниот офроудер ќе се прости со рамната конструкција и ќе има поинаква каросерија. Како тоа ќе се одрази на фановите може само да погодуваме, но многумина сметаат дека Англичаните тешко ќе си дозволат експерименти со една од најсилните карактеристики на моделот.

Доста прашалници околу дизајнот на теренецот, иако во специјализираните списанија не недостасуваат рендери. Единствениот коментар на Ралф Спиј, е да очекуваме „фантастичен“ изглед.

Автоплус

- Реклама -