Lamborghini ја претстави тркачката верзија на моделот Huracan, која го носи името Super Trofeo. Автомобилот е наследник на Gallardo LP 570-4 Super Trofeo, но ќе се натпреварува во различна класа.
Lamborghini Huracan LP 620-2 Super Trofeo е создаден во соработка со Dallara Engineering, а во развојот учествувал лично основачот на фирмата Жан Паоло Далара, кој стои зад автомобили како 350 GT, Miura и Espada. Тркачкиот автомобил доби сеопфатен бодикит, кој вклучува прилагодливи всмукувачи за воздух во предниот дел, преден и заден дифузор, како и задно поткрило со 10 претходно програмирани позиции. Гумите на Huracan Super Trofeo се исто така уникатни, создадени специјално за моделот, од Pirelli.
Погонот е доверен на стандардниот атмосферски V10 мотор со зафатнина 5.2 литри. Силата сепак е зголемена до 620 КЅ, која се пренесува на задната оска. Освен тоа „тркачот“ е полесен со околу 151 килограми, сега има маса од 1.271 килограм.
Првото учество на Huracan Super Trofeo во некоја трка ќе биде наредната година. Каде ќе биде тоа се уште е тајна, но сепак се наведува дека моделот ќе учествува во различна класа од својот претходник Gallardo LP 570-4 Super Trofeo.