Раководството на Lamborghini објави дека гласините, дека компанијата развива верзија со четири седишта врз моделот Aventador, се само шпекулации. Освен тоа Италијанците најавија дека серискиот модификација на кросоверот Urus сѐ уште е под прашање.
Шефот на Lamborghini Стефан Винкелман изјави на салонот во Сао Паоло дека единствената модификација врз Aventador, која се планира за пуштање во производство, е роудстер. Тој ќе биде доста попрактична од прикажаниот во Женва концепт, Aventador J.
„Пуштањето на Aventador со четири места воопшто не е во плановите на концернот Volkswgaen во кој влегува Lamborghini“ објасни Винкелман. „Имаме доста идеи за тоа што може да се направи во слична насока, но не сите предлози можат да станат реалност. Меѓу новите идеи ни е и производството на моќна модификација на Aventador од оваа (700 КС), но тоа, исто така, засега се само планови“.
Засега од VW не е одобрено и пуштање во серија на првиот во новата историја на Lamborghini, кросоверот Urus. Според Винкелман работата на истиот ќе продолжи. Шефот на компанијата, сепак, не сакаше да истакне конкретен рок за завршување на проектот. Неодамна и друг производител на скапи автомобили – Bentley, објави дека одложи пуштањето во серија на кросоверот EXP 9 F, поради падот на побарувачката на европскиот пазар.
Објавено во соработка со Авто Плус.