Lamborghini може ќе произведе Egoista?

Еден од најдобрите и уникатни прототипи на „разјарениот италијански бик“ – Lamborghini можеби ќе стане реалност. Неодамна од компанијата ја патентираа трговската марка на Egoista, а во неа е вклучен и делот „автомобили и возила“.


Концептот Egoista беше создаден во чест на 50-годишнината на компанијата во 2013 година и е изградена врз основа на Gallardo. Името Egoista или во превод особен е референца кон оригиналното седиште во автомобилот. Автомобилот е управуван од познатиот 5.2 литарски V10, но со зголемена до 600 коњски сили моќ, а дизајнот е инспириран од култниот борбен хеликоптер Апачи.


При првото прикажување на прототипот, од компанијата го нарекоа „подарок од Lamborghini за Lamborghini … кои никој никогаш не може да се поседува“, но по се изгледа тоа ќе се промени. Обично зачувувањето на името не води до склопување на истиот модел, но од итаклијанскиот спортски производител велат дека е можно да биде произведена лимитирана серија, со оглед на сериозно големиот интерес кај јавноста за прототипот.



Автоплус

- Реклама -