Холандската дизајнерка Сузан де Гаф дизајнираше невообичаена ламба, создадена за да го прикажува ритамот на светлината.
Ламбата, всушност, го претставува цикличниот тек на времето, додека нејзините бои и движења ги отсликуваат динамичните и живописни карактеристики на светлината.
Ламбата е составена од пет концентрични прстени, изработени од алуминиум. Низ секој од нив поминуваат безброј жици во повеќе бои.
Идејата на дизајнерката е секој корисник самостојно да го определи ритамот на ламбата, со движење на прстените, притоа дозволувајќи им на боите да се мешаат со светлината.
{vimeo}18369018{/vimeo}