Лагите на Ахмети не поминуваат ниту кај пратениците на „Европскиот фронт“, велат од „Вреди“

Гарантираме дека замрзувањето на балансерот нема да го загрози правото на вработување на ниту еден Албанец, ниту на припадниците на други етнички заедници. Ние сме посветени на донесување на Закон за правична застапеност, велат од „Вреди“

Гнасната игра врз грбот на Албанците, оркестрирана од криминализираната клика на ДУИ, која постави мини во секој сегмент на системот на државата за време на своето 22-годишно владеење, сега е целосно разбрана од албанскиот народ, велат од коалицијата „Вреди“ и додаваат дека играта на ДУИ за злоупотреби е како за снимање холивудски филм. Интерпелацијата против Африм Гаши, иницирана од Левица-ДУИ-СДСМ, заедно со спречувањето на Законот за бранителите ја покажа вистинската природа на оваа клика, се наведува во соопштението од владејачката „Вреди“.

„Балансерот, механизмот кој беше замрзнат поради уставните судии избрани за време на ДУИ и делегитимираната СДСМ, стана причина за нови тензии во т.н. ’Европски фронт’. Пратеникот Елми Азири, еден од главните протагонисти на коалицијата со ДУИ, почна да покажува знаци дека ја разбира играта на Али Ахмети и Артан Груби. Кулата од карти, изградена на коцкање, криминал и измами, сè повеќе го разјадува сознанието на пратеникот Азири. Тој, свесно или несвесно, почна да ја открива вистината што ВЛЕН ја кажуваше од самиот почеток: уставните судии беа избрани од криминализираната ДУИ. Сега, со оглед на тоа што иницијативата за оценка на уставноста на балансерот е поддржана од Нури Бајрами, баџанакот на Талат Џафери, а Артан Груби, како тогашен министер за политички систем и односи со заедниците, не сакал да достави аргументи до Антикорупциската комисија за вработувањата на Албанците во администрацијата, се продлабочува раздорот на овој т.н. фронт,“

велат од „Вреди“.

Според „Вреди“, одлуката на Уставниот суд за замрзнување на балансерот е уште една потврда дека ДУИ, наместо да ги искористи функциите во Владата за систематско решавање на статусот на Албанците, се фокусирала на ограбување на јавните пари и лично богатење.

„Коалицијата ВЛЕН гарантира дека замрзувањето на балансерот нема да го загрози правото на вработување на ниту еден Албанец, ниту на припадниците на други етнички заедници. Ние сме посветени на донесување на Закон за правична застапеност, кој ќе обезбеди правичност и ќе ги заштити интересите на сите граѓани, независно од нивната етничка припадност“,

додаваат од „Вреди“.

- Реклама -