Компанијата АвтоВАЗ најавува три нови модели на пазарот во наредните три години. Ова го соопшти потпретседателот на компанијата Југ Демаршеле, кој е одговорен за производство и технолошкиот развој.
„Ние сме подготвени со проект кој ние го нарекуваме LADA B“ откри Демаршеле. „Засега на пазарот држиме мошне силни позиции со моделот Priora и ќе се обидеме да го засилиме со лансирањето на нови автомобили, кои да бидат привлечни за нашите клиенти не само по цена, туку и по висок квалитет“.
АвтоВАЗ откри дека компанијата ја започна третата фаза од своите планови за блиска иднина. Првиот е поврзан со моделите Granta, Largus и втората генерација на Kalina кои веќе се нудат на пазарот. Втората фаза е лансирање на Lada В, BM-Hatch и B-Cross. А третиот ќе стартува по неколку години и тоа ќе биде сериозно навлегување на АвтоВАЗ во сегментот С.
Освен тоа Алијансата АвтоВАЗ-Renault-Nissan предвидува проширување на линијата мотори. Така, кон 1,6 литарскиот, на кој се потпираат повеќето модели на Лада, ќе биде додаден и мотор со зафатнина од 1,8 литри, чиј развој веќе оди со полна сила.
Следната година AвтоВАЗ ќе се откаже од уште од еден некогаш мошне популарен модел – Лада Самара. Оваа година компанијата престана производството на моделите 2107 и 2104, а сега ќе ги следи и Самара. Причината е што оваа година се продадени едвај 4.342 примероци од моделот.
Објавено во соработка со Авто Плус.