„Ла Верита“ тврди дека поседува уште снимки, ги добиле од државни службеници

Загрижени службеници од македонската администрација ги предале видео и аудио снимките од случајот „Рекет“ на италијанскиот весник Лаверита кои изминативе четири дена објавува стории и материјали за скандлот што ја тресе државата. Вакво признание дава самиот автор Ларис Гајсер во последна видеоколумна објавена во денешното издание на весникот. Тој вели дека поседуваат уште аудио и видео снимки, како и документи за случајот, но во моментов се прават консултации со правници за нивно објавување.

Денес, тие од ЕУ задолжително би требало да одговорат, особено на оние внатре во македонска администрација, коишто во изминатите месеци го ризикуваа животот помагајќи ни во објавувањето на материјалот, убедени дека сѐ уште е возможно да се има вистинска демократија базирана на информирано јавно мислење и контрола на политичарите. Што се однесува до нас, продолжуваме со проценување на конкретноста и на правната изводливост со цел потенцијално објавување на друг аудио материјал.

Во колумната Гајсер коментира дека напоразувачката порака – тотален молк е она од Брисел, особено имајќи предвид дека дека претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини инсистираале силно за специјалната обвинителка.

Без разлика на летниот период, илјадници вработени во внатрешните служби на ЕУ, од кои 220 во делегацијата во Скопје, не успеаја да изнесат ниту еден институционален извештај со надеж брзо да се разјаснат фактите. Наредбата од Брисел да се молчи и да се избегнуваат дополнителни штети на имиџот сигурно била пренесена на кристално јасен начин.

Целиот текст тука

- Реклама -