Ла Лига: Жирона – Леганес 4:3


Фудбалерите на Жирона пред своите гледачи го совладаа Леганес со 4:3 (2:2) во натпреварот од 12. коло во шпанското првенство.

Првиот од седумте гола го постигна Мигел Гутиерез за водство на Жирона во 21. минута. Ренато Тапија израмни во 24. минута, а во 31. минута Жирона повторно поведе со голот на Арнау Мартинез. Хуан Круз погоди во 41. минута за 2:2. Во 62. минута Кристијан Стуани беше прецизен во изведувањето пенал за ново водство на Жирона, која во 73. минута првпат дојде до два гола предност со автоголот на Серхио Гонзалес. Конечните 4:3 ги постави Мунир Ел Хадади во 77. минута.

Најстрогата казна за Жирона беше досудена по стартот на Настастиќ врз македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, кој беше веднаш потоа беше повлечен од игра очигледно чувстувајќи болки. Засега нема процена на тежината на повредата.

Жирона со четвртата победа стигна до 15 бода и скокна на 10. позиција. Леганес остана на 15. место со 11 бодови.

Анте Будимир го постигна единствениот гол на натпреварот меѓу Осасуна и Ваљадолид со кој тимот од Памплона оствари нова победа пред своите гледачи. Во 19. минута Будимир реализираше пенал и на тој начин го постигна својот шести гол сезонава во Ла Лига, а Осасуна ја постигна шестата победа.

Осасуна со 21 бод привремено скокна на четвртото место во првенствената табела, додека Ваљадолид остана на претпоследната, 19-та позиција со само осум бодови.

Лидерот Барселона има 30 бодови, шест повеќе од второпласираниот Реал Мадрид.

Натпреварите меѓу Виљареал – Рајо Ваљекано и Валенсија – Реал Мадрид беа одложени поради страшните поплави кои го зафатија поширокото подрачје на Валенсија.

Ла Лига – 12. коло, сабота
Осасуна – Ваљадолид 1:0
Жирона – Леганес 4:3

Одиграно во петокот:
Алавес – Мајорка 1:0

Во недела:
Атлетико М. – Лас Палмас (14.00 ч.)
Барселона – Еспањол (16.15)
Севиља – Реал Сoсиедад (18.30 ч.)
Атлетик – Бетис (21.00 ч.)

Во понеделник:
Селта – Хетафе (21.00 ч.)

Одложени натпревари:
Виљареал – Рајо Ваљекано
Валенсија – Реал Мадрид

- Реклама -