Ла Лига: Хет-трик на Левандовски за триумф на Барселона


Хет-трикот на Роберто Левандовски во првото полувреме го доведе лидерот во Ла Лига, Барселона до конечната победа со 3:0 на гостувањето кај Депортиво Алавес во неделата, додека полскиот напаѓач ја зголеми предноста на врвот меѓу најдобрите стрелци во лигата.

Барселона многу рано обезбеди победа во Алава. Левандовски погоди со глава во седмата минута по нафрлувањето од слободен удар на Рафиња, пред бразилскиот крилен напаѓач да упати уште една асистенција во контранапа за 36-годишниот напаѓач на Полска кој зголеми на 2:0 во 22. минута.

Левандовски го комплетираше својот хет-трик во 32-та минута за неговиот 10-ти гол во Ла Лига во девет натпревари оваа сезона. И покрај доминацијата Барселона не успеа да постигне уште еден гол, бидејќи Антонио Сивера беше одличен на голот на Алавес со шест одлични одбрани.

Со победата Барселона стигна до 24 бода, три бода повеќе од ривалот Реал Мадрид, додека Алавес е 12-ти со 10 бодови.

Фудбалерите на Жирона го победија незгодниот Атлетик Билбао со 2:1 на свој терен со гол во осмата минута од судиското надополнување.
Каталонците поведоа со голот на Јасер Асприља во 39. минута, а Оихан Сансет го постигна израмнувачкиот гол за Баските во 41. минута. Сепак, Жирона победи со голот на ветеранот Кристијан Стуани од пенал во осмата минута од судиското надополнување. Во 28. минута Баскиецот Алехандо Беренгер промаши пенал.

Билбао е шести со 14 бодови, а два помалку има Жирона на 11. место.

Во послениот неделен натпревар Реал Сосиедад и Атлетико Мадрид одиграа 1:1 во Сан Себастијан. Дури во 84. минута хрватскиот репрезентативец Лука Сучиќ го постигна својот прв гол со прекрасен волеј удар и спречи пораз на Реал Сосиедад. Атлетико водеше од првата минута со голот на Хулијан Алварез.

Атлетико е трет со 17 бодови, седум помалку од лидерот Барселона, додека Реал Сосиедад е 15-ти со девет бодови.

Претходно во градското дерби, фудбалерите на Севиља славеа на својот стадион против Бетис со голот на Доди Лукебаки од пенал за 1:0 во 52. минута.

- Реклама -