Сите ние грицкаме различни производи во текот на денот. Често пати и се прашуваме за квалитетот на производите кои практикуваме да ги консумираме. Токму поради тоа, ве информираме дека на нашиот пазар постои производ кој е тестиран здрав производ за вас и ваште деца.
Смоките Chips King се првиот и единствен производ на пазарот кој во својот состав не содржи адитиви. Пченкарниот гриз кој е основа на составот од кој се направени овие смоки, содржи голема количина на витамини и минерали, од каде доаѓа високиот квалитет на производот. Витамините Б1 и Б2 кои помагаат за зголемување на концентрацијата, се особено важни при растот и развојот на најмалите. Затоа, овој производ е идеална ужинка за децата.
Пченкарниот гриз е особено здрав и корисен поради количеството на калциум и железо кои ги содржи. Во составот на овој производ влегуваат и белковините и сојата кои се извор на енергија и помагаат за зајакнување на имуниот систем.
Кикириките, кои покрај препознатливиот вкус кој го нудат, помагаат при намалување на холестеролот, што целосно го прави производот корисен и за повозрасните.
Со смоките Chips King повеќе не мора да се грижиме за квалитетот на грицките во кои уживаме и ние и дечињата. Имаме 100% природен и вкусен производ, кој можеме да го најдеме во големите маркети, но и во нашата најблиска маалска продавница.