Кузеска: Техничка влада сто дена пред изборите ќе има, да се укине треба за идни изборни циклуси

„ДПМНЕ наутро праќа соопштенија за Левица тврдејќи дека се Хамас а Мицкоски навечер вели дека ќе коалицира со Левица, дека ќе се договара со нив за вредностите, кои се тие вредности?“, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, во дебата на „Само Вистина“ на ТВ „Канал 5“.

„Очаен е овој потег на Мицкоски за коалиција со Левица, тоа го покажува неговото вистинско лице на луѓе кои работат против интересот на граѓаните“, рече Кузеска.

Таа потенцираше дека техничка Влада сто дена пред изборите ќе има, а нејзино укинување, рече, треба да се случи за следни изборни циклуси.

„СДСМ во изминатите години создаде соодветни демократски услови за фер избори и може да се разговара за укинување на техничката влада, но за изборните циклуси во иднина. Ова на ДПМНЕ е театар“, рече Кузеска, алудирајќи на пораките од најголемата опозициска партија дека се подготвени да поддржат укинување на техничката тн. „Пржинска влада“, но ДУИ да се откаже да номинира премиер (Албанец) за последните 100 дена од овој мандат, што е дел од коалицискиот договор меѓу екс-премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ – Али Ахмети.

- Реклама -