„Ние сме постојано во комуникација со пратениците кои го поддржуваат демократскиот блок и патот кон ЕУ, добрососедските односи и кои сакаат државата да продолжи напред“, изјави портпаролката на СДСМ – Богданка Кузеска, во вчерашното гостување во „Само вистина“ на ТВ „Канал 5“.
Кузеска најави дека средба со Алтернатива ќе има, а СДСМ е во преговори и со пратениците кои, како што рече Кузеска, „Мицкоски ги прелажал дека има мнозинство“ а „сакаат да одат напред“ и ги поддржуваат НАТО, ЕУ, Преспанскиот и Охридскиот договор.
Прашана за денот на гласањето, Кузеска рече дека не било логично пратениците на СДСМ да влезат во салата кога опозицијата најавила рушење на Владата.
„Не влеговме во Собранието во салата по одлука на партијата на седница на која Мицкоски најави дека има мнозинство и дека ќе ја руши Владата, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои не влегуваа да гласаат за пакет мерки за помош на граѓаните кои тогаш и се потпишуваа и земаа дневници“, изјави таа.
Извор: Бриф.мк