Кузеска: Панче Тошковски и Игор Јанушев имаат станови во поклонетиот имот на Јанушев

Прес-конференција на Богданка Кузеска од СДСМ 

Почитувани,

Скандалот со подарокот од 325.000 евра за герералниот секретар на Владата, Игор Јанушев добива нови димензии.

Денес објавуваме нови информации и детали со документи кои треба да ги истражат надлежните институции, Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување корупција.

Погледнете ја оваа фотографија.

Фамозниот имот кој бил поклонет на Јанушев, вреден 325.000 евра е составен дел оваа зграда, во најстрогиот дел од Центарот на Скопје.

Она што е особено интересно е дека имот во оваа зграда, покрај Јанушев, има и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Еве го неговиот имотен лист.

Тошковски во зградата која е дел од шемата за поклонетиот имот на Јанушев има имот од над 200 квадрати, стан од 146 метри кавдратни и деловни простории од 46 метри квадратни. Вкупната пазарна вредност на овој имот е над 400.000 евра.

Овој случај ужасно потсетува на една друга зграда, каде порано имаа станови неколку високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои беа стекнати на многу сомнителен начин.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема

Понатаму ги прашуваме Тошковски и ДКСК, пријавен ли е овој имот во анкетниот лист? Зошто неговиот анкетен лист не е достапен за јавноста?

Клучно и најважно прашање: како се поврзани подарокот на Јанушев од 325.000 евра и имотот на министерот Тошковски? Каков заеднички бизнис имале овие двајца? Дали преку шема на давање подароци овие двајца прикриваат некаква бизнис зделка која јавноста не треба да ја знае? Имаат ли скриени бизниси кои на крај завршуваат со подароци во имоти вредни над 300 илјади евра?

Јавноста знае дека Јанушев е веќе осуден криминалец во случајнот со 5 милиони евра за кинеските автубуси за ЈСП.

Јавноста очекува одговори. Јанушев се криеше пет дена пред да каже за поклонот, ова може да е јасен сигнал дека се обидува да прикрие нешто во овој случај.
СДСМ ќе продолжи да ги објавува сите информации со кои располага. Се додека не започнат истраги, се додека не се дозане целата вистина.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

- Реклама -