Курти: Вучиќ би сакал да се врати во минатото, но тоа е невозможно

Косовскиот премиер Албин Курти денеска оцени дека ситуацијата на северот на Косово е тензична поради дејствијата на Белград.

Зборувајќи за барањето на Србија за враќање на до 1.000 српски војници и полицајци во Косово, Курти за германскиот весник „Шпигел“ изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ има за цел да се врати во минатото, но дека тоа не е можно.

Според него, Меѓународниот суд на правдата пресудил во корист на прогласувањето на независноста на Косово.

„Нема повисок суд на оваа планета“, рече Курти.

Тој додаде дека владата што ја предводи е „загрижена за ситуацијата на северот, но внимава на моменталната ситуација“.

„Европската Унија и САД вршат голем притисок врз Србија да избере меѓу демократскиот Запад и Русија“, рече Курти.

МИА

- Реклама -