Купил „уред за зголемување на пенисот“, му испратиле- лупа!

Неименуваниот човек поверувал дека за 180 долари ќе го зголеми својот пенис, па останал само без тие пари. Ако ништо друго, барем биле внимателни да не се повреди.
Непознатиот Малезиец од Сери Кембанган се надевал дека ќе добие можност да ја зголеми својата „гордост“, остана разочаран и лут кога сфатил дека е уште една жртва на интернет- измамите.
Несреќникот, платил 180 долари за „уред кој го зголемува пенисот“, а во доставената кутија нашол една најобична лупа!

Измамниците уште му испратиле и инструкции, одностно предупредување да не ја поставува лупата под сонце за да не дојде до изгореници.

– За жал, тој е само уште еден од насамарените. Само оваа година купувачите од Малезија останале без илјадици долари на слични измами- изјавил претседателот на Малезиското Здружение за заштита на купувачите, Мајкл Чонг.

Новинар од малезискиот весник The Star не дознал од каде е порачан „уредот“, но затоа ги повика луѓето да бидат внимателни што купуваат, затоа што не постои начин да им бидат вратени парите на измамените.

- Реклама -