Купете ги уште денес и поминете ја зимата без болести

За да се чуствувате подобро, поздраво и да останете во форма, не морате да држите диета, можете да ги искоритите следниве зачини, кои ќе ви помогнат да ја одржите линијата и подобрите имунитетот.

Црн пипер

Еден од зачините кој се наоѓа во секоја кујна може да виде и сојузник против таложењето на вишокот килограми. Црниот пипер содржи пиперин, кој помага во спречувањето на формирањето на нови масни клетки, откри една неодамна студија во весникот The Journal of Agricultural and Food Chemistry.

Цимет

Циметот, од друга страна помага во опуштање на мускулите по напорна работа. Жените кои конзумираат една лажица цимет секој ден во тек на шест недели, успеале да ја намалат болката после вежбање, покажало истражувањето објавено од весникот Journal of Preventive Medicine.

Ѓумбир

Не само што ѓумбирот ќе ви помогне во абдоминалната болка, туку ќе се чуствувате послаби и ќе стопите повеќе калории. Дебелите мажи кои за доручек пиеле чај од ѓумбир, јаделе помалку во текот на денот за разлика од испитаниците кои не пиеле чај од ѓумбир.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

Ванила

И самиот мирис на ванила може да ви помогне да ја контролирате желбата за благо. Дебелите испитаници кои имале фластер со мирис на ванила на нивните зглобови, го намалиле внесот на слатки за половина, додека оние испитаници кои имале фластер со мирис на лимон или биле без фластер, не покажале никакви промени во исхраната.
За да не претерате со внесување на слатки за време на празниците, можете да запалите свеќа со мирис на ванила или пак да ставите парфем од ванила.

- Реклама -