Ако тазе родената богомолка не е и брза и лукава, веројатно ќе заврши како мезе за некој поголем предатор, како на пример некој упорен скокачки пајак што решил да те јаде. Во истата група спаѓаат и поголемите богомолки, затоа што се канибали и си ги јадат своите… Па, кога се раѓаш така во гомна до гуша, мораш да имаш и по некоја специјална вештина. На пример, Кунг Фу. Богомолкава нема потреба да учи од филмови или да оди да живее во Шаолин храмови – потезиве што ќе ги видите ѝ се вродени.
Предобар извадок од серијалот на Би-Би-Си – Life Story. Сигурни сме дека ќе уживате.