Кумановски пожарникари спасуваат маче на дрво (ВИДЕО)

Како што се вели во описот под видеото објавено од „Радио Бум“ на Фејсбук, пожарникарите од ТППЕ Куманово успешно симнале маче кое неколку денови било заглавено на дрво.

Како што се гледа од видеото, мачето на крајот замина живо и… белким здраво. Вредна е да се спомене и непроценливата помош од граѓаните, како на пример довиците „за врат, за врат“ и моментот кога жената ќе се раздере „Пази ќе паднеш!“.

И покрај стручната интервенција, нешто ни вели дека на мачево му се случи баш тоа од што се плашеше, и дека ако можеше да зборува ќе речеше „вака и јас знаев да се симнам“. Во секој случај, пофалба за добрата намера и хуманоста на сите инволвирани.

Прочитајте и: ЗОШТО МАЧИЊАТА СЕ ЗАГЛАВУВААТ НА ДРВО

- Реклама -