Куманово ангажира поранешен кошаркар на Лејкерс

Македонскиот кошаркарски прволигаш Куманово се засили со Американецот Џонатан Холмс, поранешен член на Лос Анџелес Лејкерс.

Холмс во 2015 година настапуваше во летната НБА-лига за Бостон Селтикс, а истата година стана дел од ЛА лејкерс, но не успеа да се наметне во првиот тим.

Во својата кариера Холмс бил член и на Барселона, Реал Кану и Макаби.

Куманово новата сезона ќе ја почне со големи амбиции и во домашното првенство и во регионалната Балканска лига (БИБЛ).

МИА

Прочитајте и:  Изложбата во Куманово за НОБ 1941-1944
- Реклама -