Кулеба во Брисел, една од целите е членство на Украина во НАТО

Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба изјави дека една од целите на неговата денешна посета на седиштето на НАТО во Брисел и учеството на состанокот на Комисијата НАТО-Украина е пристапувањето на неговата земја во Алијансата.

На прес-конференцијата по состанокот (на кој Кулеба најави дека ќе се дискутира за стратешкиот план за одржливо снабдување со воена помош на Украина и за забрзување на испораката на веќе ветената опрема, во која спаѓаат, како што рече, и муниција и оклопни возила), заедно со генералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг, Кулеба оцени дека влезот на Финска во НАТО ја покажува потребата Алијансата да ги „ревидира сите стратегии“.

Честитајќи ѝ го приклучувањето на Финска, Кулеба рече дека решението за осигурување на безбедноста на Алијансата е „евентуалното членство на Украина во НАТО“.

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг

Во врска со воената помош за УКраина, Кулеба ја повика Алијансата да ја забрза испораката на артилерија, муниција и тешки возила за „успешна контраофанзива“ против Русија.

Тој изрази благодарност до Столтенберг за организирањето на Комисијата НАТО-Украина и покрај приговорите на  Унгарија. Комисијата, оцени, е значајна во симболичен, политички и практичен контекст.

Извор: МИА

- Реклама -