Кулеба поднесе оставка поради најголемата реконструкција на владата по војната во Украина

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска поднесе оставка поради најголемите промени во украинската влада од почетокот на руската инвазија на Украина.

Во следните неколку дена се очекуваат повеќе оставки и именувања откако вчера петмина министри поднесоа оставки од кабинетот. Претседателот на украинската Врховна рада и близок соработник на претседателот Володимир Зеленски, Руслан Стефанчук, ги опиша овие настани како најголем „рестарт“ на владата пред почетокот на зимата.

Стефанчук на Фејсбук ја објави оставката на Кулеба и најави дека пратениците наскоро ќе ја разгледаат. Се очекува Собранието да гласа за оставките подоцна денеска, што ќе биде само формалност.

Зеленски рече дека владините промени, кои доаѓаат во клучен момент во 30-месечната војна, се неопходни за  зајакнување и постигнување на резултатите кон кои се стреми Украина.

Прочитајте и:  Џо Роган: Бајден и Зеленски сакаат светска војна, Кличко му одговори - тоа е руска пропаганда

„Есента ќе биде исклучително важна. Нашите државни институции мора да бидат структурирани на таков начин што Украина може да ги постигне сите потребни резултати“, изјави вчера украинскиот претседател.

- Реклама -