Кулеба: На 24 февруари на Путин ќе му биде испратен многу јасен сигнал

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, изјави дека ќе биде испратен „многу јасен сигнал“ до рускиот претседател Владимир Путин на 24 февруари, на годишнината од рускиот напад врз Украина.

Кулеба, одговарајќи на прашањето за акциите за поддршка на Украина до 24 февруари, рече дека ќе има различни настани во ОН, во Киев и во многу светски метрополи, и дека тоа ќе испрати многу јасен сигнал до Путин дека сериозно греши ако игра на исцрпеност и смета дека времето е на негова страна, бидејќи единството со Украина расте секој ден.

Кулеба оцени дека е многу важно што американскиот претседател Џо Бајден ќе ја посети Полска од 20 до 22 февруари, но додаде дека не се работи само за таа посета, туку за неколку настани во различни градови, чиј ефект ќе биде кумулативен.

Прочитајте и:  Путин: Украина мора да биде неутрална за да дојде до мир

МИА

- Реклама -