Претседателот на Светското Здружение за Тоалети живее во куќа со уникатен дизајн. Сим Џае-Дук го одбрал овој дизајн за својата куќа со надеж дека на тој начин ќе се привлече внимание кон глобалната потреба за подобри санитарни услови. Куќата која е во облик на шолја, се вика Хаевоџае, што преведено од корејски значи: свето место каде што можеш да ги решиш сите свои грижи.

Во официјална изјава на Светското Здружение за Тоалети, куќата направена од челик, бел бетон и стакло, со симболичен отвор на покривот, ќе почне да прима посетители следниот месец. Куќата зафаќа површина од 419 метри квадратни, и на два спрата содржи две спални соби, две гостински соби, стандардните дневна, кујна и нормално три луксузни тоалети. Ако сакате да ја видите оваа куќа, ќе треба да го посетите родниот град на Сим Џае-Дук, Сувеон, кој се наоѓа околу 40 километри јужно од Сеул.