Стариот град Тодорово, на северозападниот дел од Босна и Херцеговина би можел да стане инспирација за филм, не по рушевините кои сведочат дека ова некогаш било моќен град, туку по „куќата на зли духови“, која локалните ги избегнуваат од страв и бројни сведоштва.
Имено луѓето кои живеат тука тврдат дека навечер од проколнатата куќа се слушаат застрашувачки звуци и крикови. Во нејзина близина, наводно, се расипуваат техничките уреди. Сите врати и прозорци се затворени со даски.
Легендата вели дека на тоа место порано имало гробишта. Кон крајот на 19. век група од луѓе планирале да изградат училиште. Во нејзината близина распостелиле шатори, поминале неколку ноќи, а потоа изненадувачки во тишина и видно вознемирени засекогаш заминале од Тодорово.