Првата куќа од лего-коцки, се гради во Доркинг, Англија и треба да биде завршена до крајот на оваа недела. Во неа ќе има и тоалет, лавабо и када направени потполно од лего-коцки. До сега, употребени се 2 милиони парчиња, а кога ќе биде завршена, во неа ќе живее Џејмс Меј, како дел од најновата емисија на BBC.

Презентерот на најдобрата автомобилска емисија на сите времиња “Top Gear”, Џејмс Меј, има нова емисија на англиската национална телевизија BBC наречена „Светот на играчките на Џејмс Меј“. Во неа, водителот ги зема најпопуларните играчки во Англија во изминатите педесетина години и со нив ги прави нештата кои децата само можат да ги замислуваат.
Првиот експеримент, изградбата на мини железничка пруга долга 10 километри, пропадна, со оглед на тоа што некој украл дел од малите шини.
Идејата за куќата од лего коцки се родила во паб, додека Џејмс и неговите пријатели пиеле пиво и се сеќавале како во детството мечтаеле од коцките да направат куќа во која ќе може да се живее.
BBC го финансира проектот во кој ќе бидат потрошени преку 3 милиони парчиња од лего коцките, а откако куќата ќе биде биде завршена куќата, Џејмс ветил оти ќе живее во неа 2-3 дена или поточно додека куќата не му се сруши врз глава.