Ако едноставниот живот значи среќа, веројатно ќе го пронајдете блаженството во POD-Idladla. Тоа е компактен дом за двајца, кој што може да ве следи каде и да посакате да отидете.
Куќичката од 17 квадратни метри е дело на јужноафрикански архитект, кој соработува со дизајнерско студио Dokter + Misses.
Овој модерен нано дом се напојува со соларна енергија и може да биде прилагоден според изборот на клиентот. Тој се превезува на делови и се составува на избраното место за многу кратко време.
Фасадата во бело и пеперминт зелена го одразува сонцето, за да ја задржи постудена внатрешноста на куќата, додека мноштвото отвори поттикнуваат природна вентилација.
Енергетски ефикасната POD-Idlala има кос покрив, кој го максимизира пристапот на сончева светлина и има место за соларни панели.
Преградата за складирање на ѕидовите и еластичниот мебел го прошируваат максимално искористувањето на просторот. Внатрешноста, доминирана од бели и дрвени површини, се карактеризира со високи тавани и вклучува мансарда на горното ниво, достапно по скалилата.
Кујната, канцеларијата, бањата и трпезаријата се наоѓаат на првиот кат, а спалната соба е на таванот.