Оваа шармантна вила, сместена меѓу две огромни остри карпи, се нарекува Castel Meur, а исто така и La Maison Du Gouffre.
Позната и како куќата меѓу карпите, таа се наоѓа во тивко француско селце во регионот на Бретања во Франција. Куќата е со позадината свртена кон морето и е сместена меѓу две карпи, кои ја заштитуваат од најсилните бури, честа појава во овој дел на светот.
Малата куќа е изградена во 1861 година во време кога градежните дозволи не постоеле и секој можел да си изгради дом по свој вкус.
По смртта на нејзиниот оригинален сопственик, таа служи како втор дом на семејството. Сегашниот жител, внук на првиот господар на куќата, живее во неа од 2004 година, откако го продал својот бизнис во Америка.
Во минатото туристите имаа можност да ја разгледаат куќата одблизу. Откако јапонските туристи се качија на покривот и предизвикаа штета, сопственикот изгради ѕид околу имотот, ограничувајќи го пристапот до зградата.