Се продава куќата на Ејми Вајнхаус

Семејството на починатата пејачка Ејми Вајнхаус одлучи да ја продаде нејзината куќа во Лондон, а почетната цена на имотот е 2,7 милиони фунти.

Семејството Вајнхаус објаснило дека иако Ејми многу ја сакала нејзината куќа, тие одлучиле да ја продадат затоа што ќе им биде непријатно да живеат во неа во иднина. Истовремено, иако не им било лесно да донесат таква одлука, велат дека не е практично да се плаќаат трошоците за одржување на празен имот.

Луксузната куќа со три спални соби по смртта на пејачката служеше како прибежиште за нејзините обожаватели, кои редовно оставаа цвеќиња во дворот.

Ејми Вајнхаус почина во јули, минатата година од преголема доза алкохол.

- Реклама -