Кујната на Лили, ресторан за миленици

ресторан за кучињаКујната на Лили можеби не е првиот ресторан за кучиња во светот, не дефинитивно е најпопуларниот во моментов. Кучињата можат да јадат бесплатно, некој да им ги чешка стомаците, па дури и да им прочита приказна. Што повеќе можат да посакаат?

Кујната на Лили можеби не е првиот ресторан за кучиња во светот, не дефинитивно е најпопуларниот во моментов. Кучињата можат да јадат бесплатно, некој да им ги чешка стомаците, па дури и да им прочита приказна. Што повеќе можат да посакаат?

ресторан за кучиња

Ресторанот беше отворен неодамна на Пимлико Роуд во богатото маало Белгравиа, во Лондон. Сопствениците на кучиња побрзаа да ги однесат своите миленици за да ја тестираат храната, бесплатно. Токму така, вашите четириножни пријателчиња можат да седнат на една од трите маси во ресторанот, и да се најадат со органска храна која ќе им биде донесена од страна на келнер, а вие не мора да платите ништо. Звучи премногу добро, но всушност ова е одлична идеја на компанија која произведува храна за кучиња да ја промовира својата нова органска храна.

ресторан за кучиња

За време на шестте недели додека е отворен овој ресторан, кучињата ќе можат да уживаат, додека нивните сопственици се опуштаат. Хрната на кучињата им се дава во хартиени чинии, од страна на келнери кои кој сакаат да послужуваат кучиња, бидејќи никогаш не се жалат за храната, сметката или што било друго. Откако ќе се најадат, кучињата можат да уживаат во различни пријатни активности. Можат да спијат на кауч, да бидат прегледани од ветеринар или да слушаат приказна прочитана од вработените во ресторанот.

ресторан за кучиња

Иако има многу луѓе кои велат дека ваквите работи се глупави, многу сопственици на кучиња од Лондон се задоволни со Кујната на Лили, бидејќи им овозможува да ги завршуваат своите дневни обврски знаејќи дека некој се грижи за нивните миленици.

ресторан за кучиња
Прочитајте и:  Промоција на втората збирка раскази од Наде Ќосеска „Животен калеидоскоп“
- Реклама -