Кујна, спална, дневна, бања – сѐ во 4м2

Минатата година „The Economist“ го рангираше Хонг Конг на врвот на листата на градови во кои најдобро се живее. Но, многу луѓе не знаат дека голем број жители на овој кинески град живеат во неподносливи услови.

За да го привлече вниманието на овој проблем, организацијата за заштита на човековите права „Society for Community Organization“ објави серија фотографии од пренатрупани станови сликани одозгора. Според организацијата преку 100 000 луѓе живеат во тесни станови со површина од 4 метри квадратни. Спијат во еден агол, јадат во друг, работите им се наредени во трет агол, а најверојатно телевизија гледаат во четвртиот агол.

hongkongabove-2 hongkongabove-3 hongkongabove-4 hongkongabove-5

- Реклама -