„Куферчево одговара со стајлингот“ – Боки 13 си ја носел торбата „Луј Витон“ и после рекетот

Италијанскиот весник „Ла Верита3 објави нова снимка за случајот „Рекет“ денеска, на која се слуша и гласот на спцијалната обвинителка Катица Јанева.

Парите кои Бојан Јовановски и Зоран Милевски ги земаат од бизнисменот Орце Камчев се ставени во торба „Луј Витон“, која после рекетот Боки 13 си ја користел како моден детаљ.

Во видеото кое го објави весникот се слуша разговорот помеѓу Орце и Боки 13 во моментите кога тој се подготвува да го земе рекетот во домот на бизнисменот, Камчев вели:

-Ова одговара во стајлингот, куферчево (хахаха) да не давам Адидас торба.

Боки 13 на својот Инстаграм профил има објавено и фотографија со торбата.

- Реклама -