Кучињата овозможуваат подобро здравје

Кучињата би можеле да имаат и друга вредност покрај како миленичиња и пријатели. Очигледно поседување на куче ги намалува шансите за настинка кај децата.

Според истражување на Универзитетот од Калифорнија во Сан Франциско поседувањето на куче го подобрува здравјето на децата во тој дом. Во студија извршена врз глувци истражувачите откриле дека собниот прав од домови во кои живеат кучиња помагаат во заштита од обичната настинка.

„Глувците не се идентични со луѓето. Има очигледни разлики“ објаснува доктор Сузан Линч, ко-автор на студијата и професор на Универзитетот. „Но кај животните можеме да прави некои работи што никогаш не би ги можеле кај луѓе и можеме да вадиме примероци и да ги процениме болестите што би било многу тешко кај луѓето.“

Животните кои добиле прав од домови во кои живеат кучиња не ги покажале честите симптоми на настинка. Всушност нивните симптоми биле исти како оние на животни кои не биле изложени на вирусот. Но што е толку страшно кај настинката? Се работи за вирус кој речиси секој го има добиено во првите неколку години од животот.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

Но овој вирус може да биде сериозен, дури и смртоносен кај новороденчиња кои се родени порано или страдаат од хронична болест. Тој вирус е најчестата причина за бронкиолитис односно восплаение на малите дишни патишта во белите дробови, како и пневмонија кај деца под една година и е поврзан со зголемен ризик за развивање на астма.

Она што ги возбудило истражувачите е дека ова истражување би можело да објасни зошто и порано поседувањето на куче било поврзано со спречување на астма. Тие мислат дека изложеноста на животни рано во животот го тренира имунитетот што потоа помага во спречување на развојот на астма.

- Реклама -