Историска грешка е што ЕУ не даде зелено светло за старт на преговорите на Македонија на октомврискиот самит тврди во интервју за ТВ 24 европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.
Земјата направи многу и доколку ЕУ дадеше датум за отпочнување на преговорите тоа немаше да биде никаква пречка за Унијата, ниту пак ќе значеше веднаш отворање на првото поглавје.
Сепак Ќучук е оптимист дека на самитот во Загреб за нашата земја ќе има добри вести и позитивни сигнали