Ова можеби нема да им биде некоја утеха на поштарите, но научниците велат дека кучињата што ‘ржат, гризат и касаат не мора да значи дека се агресивни по природа, туку дека се депресивни.
Ова можеби нема да им биде некоја утеха на поштарите, но научниците велат дека кучињата што ‘ржат, гризат и касаат не мора да значи дека се агресивни по природа, туку дека се депресивни.
Студијата направена врз домашни кучиња откри дека кучињата како домашни миленици лошо се однесуваат заради пониското ниво на серотонин, хормонот кој прави да се чувствуваме добро. Кај луѓето намаленото ниво на серотонин се поврзува со депресијата, анксиозноста и промените на расположението. Авторите на студијата велат дека ова откритие може да води кон нови начини за третирање на агресивноста кај кучињата.
Истражувачите тестираа примероци од крв од 80 кучиња откако нивните сопственици се пожалиле на агресивно однесување. Кога крвта била споредена со примероците од 19 кучиња со нормално однесување, истражувачите откриле кај нив пониска концентрација на серотонин. Оние со најниско ниво биле посебно асоцијално настроени и изгледале како да се обидуваат да се одбранат од нешто. Исто така, кај агресивните кучиња биле откриени поголеми количини кортизол, хормон на стресот. Ветеринарите веруваат дека кучињата се најподложни на депресија ако не се шетаат доволно или со часови се оставаат сами секој ден.