Експериментите направени во еден британски универзитет покажаа дека е точно она кое секој сопственик на куче го знае – мачките не се попаметни од кучињата.
Експериментите направени во еден британски универзитет покажаа дека е
точно она кое секој сопственик на куче си го знае – мачките не се
попаметни од кучињата.
Тестирањата беа направени врз 15 мачки за да се види колку тие се способни да ги разберат причинско-последичните врски помеѓу појавите. На краевите на конци биле врзани парчиња храна, а мачките требало да откријат дека со повлекување на истите ќе дојдат до саканата награда. Тоа не било проблем кога се работело само за еден конец, но кога имаат две можности, а само на еден од конците има мамка, мачките, за разлика од кучињата, не биле успешни во одбирањето на конецот со храна.
Психологот Britta Osthaus, која ги водеше студиите, потврди дека ова откритие го поткопа митот дека мачките се попаметни од кучињата. Резултатите од овие истражувања покажуваат дека мачките не ги разбираат основните причинско-последични врски помеѓу појавите.
„Не сакам да речам дека мачките се глупави, туку дека размислуваат поинаку. Ние обично домашните миленици ги гледаме како да се луѓе, но наместо тоа треба малку да погледнеме и низ нивните очи“ според Britta Osthaus.