На толку многу потенцијално хаотични последици од тоа што Велика Британија ја напушти ЕУ, тешко дека на некој му текна како тоа ќе се одрази на кучињата, или во конкретниов случај – Стен. Во позадината на сето тоа лудило, Стен мора да ги сноси последиците од нешто за што не беше ни прашан.
Неговата сопственичка Катрина Бароус, сподели на Twitter дека во нивното семејство се трудат да престанат да го употребуваат зборот Брегзит, затоа што особено тешко го погодува нивниот љубимец. Имено, секогаш кога тоа ќе се случи, Стен мисли дека зборуваат за бисквити (biscuit). А после, кога ќе сфати дека нема бисквити, резултатот е оваа фацка:
🙁 🙁 🙁 :'(
Нормално, Бароус веднаш доби поддршка и од другите твитерџии, кои уште не можат да им се изначудат на Британците што гласаа да си одат од ЕУ без мува да ги полази како и на кого сé тоа може да се одрази.