Кучето што не беше родено да работи за ЦИА

Не беше Лулу родена, за тија лоши мириси…

Од ЦИА велат дека направиле сé што можеле да ја претворат 18-месечната црна женка лабрадор во успешен трагач за бомби и експлозивни направи. Но, кучката(!) си имала некои свои желби и замисли.

На крајот, како што соопштува разузнавачката агенција, донеле тешка одлука – поради целосно изгубен интерес за пронаоѓање на експлозивни направи, ја исфрлиле Лулу од својата К9 програма.

„Сите кучиња, како и учениците, имаат свои подобри и полоши денови кога учат нешто ново. Но, кај поединечни кучиња – како Лулу, со тек на време станува јасно дека се работи за долготраен проблем. Оваа работа едноставно не е за неа“, соопшти ЦИА на својот Твитер профил. „Многу ќе ни недостига, но сметаме дека ова е правата одлука за неа“.

Лулу сега се привикнува на нормален начин на живот, велат од агенцијата. Трча некаде низ некој двор, игра со деца, брка зајци и верверички, и јаде кучешки колачи. Нема знаци дека ѝ недостасува смрдливиот мирис на екплозивите. Чудно…

Твитот

Патем, приказнава нé потсети на Гавел.

- Реклама -