Викаат златните ретривери биле многу паметни, и како што ќе видите во видеово, во право се. Но исто така ќе видите дека тоа „паметни“ може да значи и „подли манипулатори“.
Паров не можел да верува кога ја прегледал снимката од камерата поставена во собата на нивната 15-месечна ќерка Клои. На видеото, двата нивни златни ретривери Bleu и Colby се фатени на дело додека ја будат малата Клои за да стане и да ја одвлечкаат до кујната за да им даде слатки. Родителите се убедени: Кучињава добро знаеле што прават, искористувајќи ја „најслабата алка“ во семејството зашто таа ќе биде најрасположена да им го даде тоа што го сакаат. Скроз мафијашки потег.