Куче-скитник успеа за кратко да ја прекине средбата помеѓу два од најголемите аргентински клубови – Росарио Сентрал и Ривер Плејт. Животното упадна на теренот и откако неколку пати се лизна од оние кои се обидуваат да го фатат, на големо се олесни во шеснаесетникот.
Видеото веднаш стана интернет сензација, откако многу сајтови објавија забавни кадри со наслов дека бездомното животно изразило мислење за нискиот квалитет на натпреварот и лошата игра на двата тима на теренот.
Средбата меѓу Росарио Сентрал и Ривер Плејт заврши нерешено 1:1.