Заљубениот пар ќе го прослави Божиќ заедно само неколку дена откако Ештон ги поднесе документите за развод.
Само три дена по поднесување на барањето за развод од неговата сопруга Деми Мур, Ештон Кучер ја однесе својата нова девојка Мила Кунис во родниот град Ајова за претстојниот празничен период.
Ештон и Деми се разделија пред повеќе од една година, во ноември 2011-тата година, но дури минатиот петок триесет и четиригодишниот актер конечно ги постави тркалата во движење и поднесе барање за развод од неговата педесет годишна сопруга.
Ештон бил многу возбуден околу доведувањето на Мила во неговиот дом за да поминат заедничко време со неговото семејство, и не можел да дочека да се врати во Ајова.
Мила е веќе блиска со семејството на Ештон. Тие ја познаваат 14 години, од самиот почеток на снимањето на комичната серија „Тие луди седумдесети“.