Повеќето кучиња се екстремно лојални и би направиле речиси сè за својот сопственик. Но, дали би го жртвувале сопствениот живот? Осмар Персиско од Гарибалди, Бразил, со сигурност може да одговори „да“.
Неговиот миленик Макс без страв застанал во негова одбрана кога Осмар бил нападнат од двајца вооружени криминалци додека го паркирал автомобилот. Персиско решил да не се предава лесно по што напаѓачите почнале да пукаат. Еден од куршумите го исекол Осмар над левото око. Во тој момент Макс тргнал во акција. „Ја виде крвта и збесна“ изјавил Персиско за бразилски весник.
„Скокна како ракета и се упати кон нив. Едниот избега, но Макс го собори другиот. Крадецот почна да пука во кучето. Макс ми го спаси животот.“ Макс бил погоден од три куршуми, два во градите и еден во ногата, но крадците веќе биле преплашени и избегале. Персиско го однел кучето кое го посвоил пред три години кај најблискиот ветеринар. Ветеринарот вели дека Макс целосно ќе се опорави. „Да не беше со мене, сигурно ќе ме убиеја. Тој е мојот херој.“ [Dog takes billets to save owner]