Вчеравечер во салата на НУ Филхармонија, македонски џез пејач Џон Илија Апелгрен ги одведе посетителите на ново музичко патување, овој пат во Куба преку кубанското Болеро.
За време на концертот со име „Кубанска музичка авантура“, Апелгрен интерпретираше дел од богатото кубанско музичко миље, особено од стилот кубански болеро на автентичен, шпански јазик.
Бендот со кој настапи е составен од најдобрите актуелни џез музичари во Македонија, а на сцената настапија двете вокални солистки Марија Димитријевиќ и Калина Велковска, како специјални гостинки.
Аранжманите за овој концерт ги изработил македонски џез пијанист и аранжер Гордан Спасовски.
Ова е уште еден од низата успешни концерти на Апелгрин во изминативе неколку години („Француски шансони“ и „Звуците на Бразил“) и „Хитовите на Френк Синатра“.