За некои денот не може да започне без кафе, за нив еве неколку убави мисли за кафето.
“Без моето утринско кафе сум како пресечено парче печено месо.” – Јохан Себастијан Бах
“Мерење на животот со кафе лажички.” – Т. С. Елиот
“Штом кафето се впушта во желудникот, предизвикува голема врева. Идеите почнуваат да се движат … листовите се исполнети. Кафето е сојузник и пишувањето повеќе не е борба.” – Оноре де Балзак
“Само ирското кафе ги обезбедува во една чаша и четирите витални хранливи групи: алкохол, кофеин, шеќер и масти.” – Алекс Левин
“Да се самоубијам или да си земам кафе?” – Албер Ками
“Зад секоја успешна жена стои огромна количина на кафе.” – Стефани Пиро
“Меѓу бројните работи на масата … кафето може да се смета како едно од највредните.” – Бенџамин Френклин
“Силно кафе, многу силно кафе, тоа е она што ме буди.” – Наполеон Бонапарта
“Мерете го животот со кафени лажички.” – Томас Елиот
“Верувам дека ние луѓето сме постигнале многу не затоа што сме паметни, туку затоа што имаме прсти кои ни дозволуваат да направиме кафе.” – Флаш Розенберг
“Јас судам за ресторанот по лебот и кафето.” – Берт Ланкастер
“Прво кафето. Потоа плановите.” – Леана Рене Хибер
“Што, за Бога, би можело да биде полуксузно од троседот, книга и чаша кафе?” – Ентони Тролоп
“Токму во моментов би посакала чаша кафе пред комплименти.” – Луиза Меј Олкет
“Има нешто што страшно многу ме нервира – кога некој ќе каже дека кафето е подготвено и не е.” – Џ. Д. Селинџер
“За мене мирисот на штотуку приготвено кафе е едeн од најголемите пронајдоци.” – Хју Џекмен
“Дури лошото кафе е подобро од недостатокот на кафе воопшто.” – Дејвид Линч
Душата не сака ниту чај ниту кафе. Душата сака разговор. Кафето е само повод. “- Турска поговорка
“Секој треба да верува во нешто. Јас на пример верувам дека ќе испијам уште едно кафе.” – Непознат автор
“Животот е краток, наслади се на кафето!” – – Непознат автор
“Крвта ми група е кофеин.” – Непознат автор