Попладнево во менувачница во скопската населба Кисела Вода дошло до вооружена престрелка.
Очевидци раскажуваат дека две лица влегле во менувачницата, а човекот што бил внатре пукал во нив. Тие раскажуваат дека виделе две тела како лежат на подот.
Пред менувачницата има големо полицсико обезбедување и три амбулантни возила.
Во МВР официјално велат дека имало инцидент. Не потврдуваат за можни жртви. Велат дека екипи се на терен и наскоро ќе излезат со повеќе детали.